Тоа што не успеваше да го постигне со усните, со мускулите на лицето, се обидуваше да го дополни со сините раздвижени очи, со сета сина светлина што зрачеше од неговата голема душа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не знам што точно но има нешто што може да се стори преку реките лесно и непречено да се минува зашто само така, потоа, животот ќе го стори своето, заклучив бидувајќи целиот обземен од сината светлина во која белата ја снема за заборавање.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Само што тоа чувство ми го расипува сината светлина што се најавува да ми надојде.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како што сината светлина ме обзеде така се најдов во еден непознат предел. Јужен предел.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Со поглед барам по беспределноста да здогледам зрак сина светлина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таква сина светлина почна да навлегува низ мојот прозорец.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Околу неа, како сина светлина околу месечина, затреперуваа мисли и чувства, но ниту едно од нив не се претвори во збор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледав во неа, претчувствував дека тоа е нејзината последна ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)