син (прид.) - око (имн.)

Дуваше галејќи ги зелените пасишта со нивните многу ретки кладенци- поила, кој како сини очи тук- таму лежеа во тревниците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми во мигот ништо не рече, но неговиот поглед што спокојно зрачеше од неговите сини очи и овој пат нѐ смируваше, макар што смртта веќе тропаше на вратите од куќите во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми загадочно молчеше, трпеливо ја смируваше со благиот поглед на своите сини очи, од кои секогаш зрачеше надеж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Хана, значи, по еден краток разговор со сестра си, дефинитивно го напушти семејството, вљубена во црните очи на Леон, во длабокиот глас и во неговата густа коса во која ја протнуваше тенката, грацилна дланка секогаш кога тој ќе ѝ се загледаше во светлите, сини очи и во пегите со кои беше испрскано правилното лице на Хана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но неговата неизмерна благодарност често се читаше во блесокот на неговите сини очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- О, ти не спиеш! - се изненади Месечината кога ја догледа куклата со широко отворените сини очи. - Доцна е, полноќ ќе е скоро...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нејзините сини очи ширум се отворени. Гледаат надвор низ прозорот. По небото патува Месечината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Куклата ја гледаше в лице со своите големи сини очи и молчеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Штом ќе здогледаа гулаб и младо и старо од сите маала во градот помислуваа на русата глава и сините очи на Мише, штом ќе запролетеше сите помислуваа на дворот негов на разгугутените гулаби и белиот гулабарник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не беше сигурен, но му се причини дека му е речиси врсничка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Крупните сини очи ѝ беа невешто исцртани со зелени линии, а светлоцрвениот кармин се беше излижал од средината на нејзините полни усни, обрабувајќи ги со една разлеана линија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да се маскирал со брадата, она се неговите сини очи. - Да, да! Тоа мора да е тој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Четири сини очи се капеа едни во други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред неа стоеше белиот ангел со сини очи, со широка насмевка и подадени раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тројцата запреа стаписани. Високо над нивните глави ослепувачки блескаше големо сино око.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше сини очи, прилично тажни. Беличок тен, месести образи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Чув дека Живка има прекрасни сини очи“ и му светна погледот со носталгичност, но и итра насмевка...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Онака висок и малку подвиен, рус, со високо потстрижена коса и со сини очи, ми ја заклонуваше глетката кон езерската шир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко, со разлеана тага во своите сини очи, бездруго од задржаните солзи, ја прегрна Мајка и тивко ѝ рече: – Мила, задржи ги тие спомени од твоите родители.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но не успеваше да ги задржи солзите кои светкаа во неговите сини очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Луѓето носеа со себе и икончиња со ликот на свети Наум што ги купија да го имаат постојано светецот дома, пред очи, неговото намачено и испиено лице со големи сини очи во чија што длабина, како во езерско дно, се крие мудрост, благост, добрина, човекољубост; неговата поткрената рака што благословува и чудотвори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Импозантно и величествено, тоа се оцртува како сино око во кое се гледа одразот на преселните птици.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше убава, со долги црни коси, со сини очи, ведар израз, висока, стамена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сините очи се приближија. – Една ваша ученичка – одговорија огромни очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Русите косички, наводенети од трескевата и студена пот се залепени за бледото високо чело под кое полека гаснат големите сини очи. Матно гледаат во таванот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А залезот е убав и сенката што ја прави е долга за младичот од бистата незабележливо да ѝ се доближи, да седне крај неа, да се загледа во нејзините сини очи и да ја слуша како го повторува Лјеу: ...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Има издупчени гради и големи, широко отврени сини очи. На прстот прстен меновник.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да видиш колку убави сини очи има. Погледни, ама е симпатичен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почнаа да ми се враќаат сите негови црти на лицето: густите веѓи, танкиот нос, кусата вилица, сините очи, неизнудениот патец на главата, широките мустаќи што му паѓаа преку устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)