ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Охо, такво нешто одамна не сум чул, и повторно прсна во силна смеа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Чичко Никола ја претера колата од другата страна и оттаму нѐ поздрави со силна смеа: - Ха, ха, ха! Еј, пилиња страшливи, така ли се бега?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Настана силна смеа и непријатноста предизвикана од влегувањето на Винстон како да исчезна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)