силен (прид.) - одблесок (имн.)

И одеднаш, сонцето се навали сосема на планината и силен одблесок од едно стакло на џипот ме заслепи сосема; во моментот кога видов светлина, десет илјади пати посилна од сонцето, кога веќе не гледав ништо, одеднаш слушнав гласови: Тој: О, убава си, љубов моја, убава си!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еразмо се наведна, зеде еден грст земја и ја гледаше спроти сонцето: во неа виде многу ситни ѕвездички кои блескаа со силен одблесок наоколу.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)