силен (прид.) - моќ (имн.)

Шефот имаше силна моќ: тој ја водеше Агенцијата за борба против трговија со луѓе и нелегална миграција, со ингеренции над Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и над машкиот и женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа постојано изненадуваше со нова централна тема, која имаше силна моќ да извлекува од балканската сага дури и теми каде што моите мисли се наоѓаа на распаќе на дилемите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И на извесен начин, се покажува силна моќ да се претстави сета апсурдност на еден идеолошки и тоталитарен режим, успе­вајќи да претстави два живи лика во нивното возбудливо пријателство: ерудитот убеден во моќта на духот и козарот цврсто всидрен во моќната природа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа академикот Друон, поттикнат од читањето на романот, го поставува прашањето: Зошто во еден долг период марксизмот завладува и се распространува во светот со толку силна моќ?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)