Западниот човек со векови ќе го оправдува своето постоење на земјата во рамките на Историјата и историското време, создавајќи го своето општеството и силните личности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нивната награда или спасот беше вон историјата и надвор од времето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овие преведувачи имаат силна личност која ја затскриваат зад преведените дела на авторите, во кои неретко се надаминуваат себе, но во себе ја задржуваат гордоста на своите подвизи, ретко доруштајќи изливи на жалење, што не се во заслужените први редови на преведените книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога откриваше како Игор Лозински се справува со историјата, Татко добиваше аргументи за својата мисла дека историјата не ги совладува силните личности, кои успеваат по цена на силни страдања и издржливост во минатото да ја насетат оракулата на иднината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За мене уметникот претставува човек со силна личност, кој на најдобар својствен начин ќе успее да им ја пренесе на другите својата креативна енергија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
2. Манипуланти: Тоа се луѓе со прилично силна личност и доста способни, што им го засилува авторитетот, а со тоа и можноста за манипулирање.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А вистината е: токму како што мак. политика и мак. производи ни оддалеку не се ниту релевантни ниту конкурентни на некаков си европски пазар кон кој гравитираме, така и мак. култура нема доволно силни личности, ниту низ творештвото, ниту како силни каризми околу кои се „ројат“ луѓе и идеи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)