силен (прид.) - илузија (имн.)

Јасер Арафат, како ретко кој владетел во светот, требаше да најде свој пат за својот народ во историјата, да го врати од светскиот егзил во својата татковина Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)