Блазе си му, анасана, на граѓани: тие ете ти живот поминуаат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни течи од челото како река.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога ќе фатеа силни горештини не се дишеше: гореше и небото и земјата; воздухот трепереше како да е потпален; невечер ќебињата ги натопувавме со вода, ги кисневме, за да можеме да заспиеме; во бараката не се влегуваше; леглата ги копавме в земја, во поладни места, како дивина и ги покривавме дење со гранки за да не се вжештат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Да ти се плукне на лебот што си го собирал во најсилна горештина. Кога се топи и железото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати, што ми 'и кањариш ти мене - си велел сам со себе Силјан - дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи имат в град ладни меани да седам и ќев да терам со граѓаните.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)