силен (прид.) - ветар (имн.)

Одненадеж задува силен ветар и за малку го однесе стиропорскиот Кинг Конг, а заедно со него и живите работници кои со сето срце се обидоа да го запрат Титовиот лет во небо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тоа не само наша, болка на целото село, на срцата на селаните, болка на небото, слушаш како дува силен ветар, времето чувствува и болка и радост, ветерот е немирен, час е тивок, час беснее низ селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие го боцкаа одвнатре а студот косеше однадвор, силен ветар дуваше кон него.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Грчкиот корен на зборот саламандер исто така е интересен; Sala: возбуденост, или salos или zale: силен ветар, бура, и mandra, со истото значење како и во латинскиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа со името саламандра се нарекува и камената сол, која се нарекува и испосничка сол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Задува силен ветар, кој носеше сè пред себе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дуваше силен ветар.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Да завеи силен ветар, Да ме крени на небеси.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во деновите на силен ветар...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога дуваше силен ветар, и тоа најчесто наутро, солени капки ни ги, оросуваа лицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Големиот оган направи голем куп жар, и, штотуку падна дебелиот мрак и убаво се затемни, дувна еден силен ветар, та почна да го разнесува наоколу.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ете како: откоа влеговме в гемија во град Солун, коа н¯ забра еден силен ветар, та коа ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и, за к'сметот мој, ме исврли на една штица морето на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тамо најдов еден извор и дрвја со јемиш, та си појдов и тамо ноќта прележав.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Остатокот од зрната врапчиња го разнесоа, па силниот ветар ги развеа, ги посеа низ гората, како семе на љубовта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога дуваа силни ветрови одев во гостинската соба. Таму имаше вградено огниште кое никогаш за ништо не служеше, горе имаше кандило за украс, ќибрит, свеќа, една ламба и тоа беше сѐ, а долу немаше ништо поголемо послано, само рогозини, озгора ткаени килимчиња и секаде наоколу наредени ткаени перници полни слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со штитови бележани со цртеж на сонце, долги копја спуштени шлемови, ќе јурне напред коњаницата создавајќи силен ветар!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)