И бев речиси сигурен дека тој момент ќе биде означен со силен блесок и јас со љубопитство очекував молскавицата да го објави тој момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Предизвикана од силниот блесок на сонцето, засветува обвивката на животот – рече старецот, и продолжи: - Се што е живо блеска, го покажува своевидниот сјај во боите, кои потајно се полегнати врз живиот свет.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не знам дали требаше да претставува шега она мое шепотење во увото на Катерина од кое можев да издвојам само едно јасно прашање, она, кога ѝ ветував дека ќе ѝ донесам леблебија, само ако ги отвори очите за да ја здогледа светкавицата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наспроти таму, на врвовите од Сината Планина, не можеше ни да се погледне од силниот блесок што го создаваше сѐ уште нерастопениот снег.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не минало многу време и силен блесок ја стопил длабоката езерска град, како илјада сонца да огреале на неговото дно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)