сигурен (прид.) - рака (имн.)

- Имаш изработен ракопис. Се гледа сигурна рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И на било која геогравска ширина никогаш немој да се откажете од сонот да бидете родители.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А животот е постоење за некого, некого кого ќе го створиме, извајаме, ќе му дадеме живот, парче душа и топла и сигурна рака која ќе го води низ тунелите на истиот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тој затворен простор се виде себеси како лебди, но не сама, се уште цврсто ја држеше сигурната рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Измамник малодушен! Кукавица! Не жалости се. Ќе ти помогнеме: Рамадан џелатот има лака ортома и сигурни раце.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се двоумеше. Сеедно, мислеше. За ова и не се нужни сосем сигурни раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најубавото и најмило лице на светот, сето облеано во солзи, и истовремено целото осветлено од месечината и од нејзината драга насмевка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се освестив во неговите сигурни раце, здогледувајќи го лицето на мајка ми над мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога Орлен Шумков викнал да не се пука заради опасноста да биде погоден со куршум Онисифор Проказник и кога неколцина се исправиле за да се стрчаат и да му помогнат на челникот, врз нив, врз извиците со кои се бодреле и врз писокот на ветрушката што се оддалечувала, се урнале неколку грмежи, и тие, пак залепени со гради за земјата, знаеле дека шестмината што некако ги опишувала со прсти и со очи Ганка ги измамиле со источничка војничка или арамиска мудрост: гледале во оној што доаѓал пред тоа на танконог шарколија и не виделе дека другите им дошле зад грб да ги косат со сигурна рака и сигурно око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тие, итроманите, распрашувани од Преспани за тоа каде им е стоката, им велеа гајле да не берат зашто сега е во сигурни раце и ќе им се врати кога на Грамос нашите ќе му го скршат вратот на непријателот и сите ние ќе се вратиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)