сив (прид.) - ѕид (имн.)

Уште малку, говореше. Уште малку, малку, малку... И гледаше: врелото олово удираше во сивите ѕидови врз него, распрснуваше малтер, стакло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оттука се гледаше само дел од плоштадот и сивиот ѕид на судската зграда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е сенка на сив ѕид, а Германецот на сенка нишани, на обична заборавена сенка крај празни чаши.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)