сив (прид.) - мрак (имн.)

Сив мрак ја наполни собата. Диме се плашеше од темнината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)