сив (прид.) - боја (имн.)

На портата се појави жена во костум во сива боја, панталони со тесни ногавици до над глуждовите и црни чевли обуени на босо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со сива боја на очите во којашто погледот ти тоне со чувство дека телото ти се топи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Голема глава, умни очиња, рунтаво, темно сива боја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сивата боја на небото постепено се згуснуваше, облаците како да се спуштија пониско и веќе налегнуваа на најблиските височинки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ништо не можеше да ја поколеба во одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш имаме некоја сива боја на косата и многу мало напрчено носе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Доминира циглата, сивите бои и студената атмосфера.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не како во панаѓурските куќи на стравот, како музеј на ужасот што им се случил на милиони луѓе со претходен живот, со минато, со професионален и личен идентитет, со семеен и со индивидуален живот, со љубови, очекувања, разочарувања, надежи и мечти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го гледаш ли овој камен? – со раката покажа кон големиот камен со темно сива боја. – Кога човекот не верува во себе, тежи како камен на едно место, не може да се движи напред ниту да се воздигне; значи стои на едно место – продолжи старецот. – Кога верува во себе, тој е предаден на дејствувањето на природата, како пердув предаден на ветрот, лесен, се движи без тешкотија напред, па може бргу да достигне духовно визвишување – одговори, без да сети некаков замор од долгото зборување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)