Ќе има ли некој Да нè дочуе? (1989) луѓето Минеа низ мене Минат низ нив И на сетен здив Сознавам: Боже мој Колку ли не сум ги Познавал? скица за автопортрет Пламнат, грешен Безутешен Пукнат, стушен Болнодушен Клупнат, чукнат Брзотечен Немир вечен: Не- до- ре- чен. песните што ме болат Капе Мракот: Врела Смола Од мене Така капат Песните Што ме Болат. опомена Не влегувај Низ тие врати Оттаму Враќање нема Нив вечноста ги зема Зашто се за Про кол на ти. збор Виси во воздухот Чудно камче: Збор Чии букви Почудно Треперат и Јаснат.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)