септемвриски (прид.) - ден (имн.)

Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа тој така жедно го чекаше овој септемвриски ден кога се отвора гимназијата, и еве го сега рано кај се шетка горе-долу покрај Боцевата берберница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ПРЕД ДА НАСТАПИ ЕСЕНТА СВЕЖИ и студеникави се овие септемвриски дни во Софија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таков е Солун, со неговите улици, сокаци и пазари, виден во еден септемвриски ден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Студеникавите септемвриски дни добредојдоа за софијанци, зашто во спарноро лето градот така го нападнаа комарци, што стана проблем како луѓето да се ослободат од нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Рада со првите септемвриски денови влезе во деветтиот месец од бременоста. Телото ѝ беше оптегнато како балон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Годинава, во првите септемвриски денови, необично застуде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Станав, и влегов во станот за да донесам ќебе да ја покријам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)