Семејниот пријател требаше да нè префрли ноќе преку границата, низ Езерото, со семејниот чун, наследен од дамнини.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Побратимот продолжи: - Ама најмногу ум покажа, за сите блиски и далечни, кога несетум и неочекувано замина, но не и за мене, што ве префрлив со семејниот чун на другиот брег во судната ноќ...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Побратимот беше спокоен, како во ноќта кога го држеше судбински кормилото на семејниот чун, на почетокот на нашиот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој ни вети дека ќе ни зборува за семејниот чун, за неговото враќање во земјата, откако нè остави на другиот брег.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)