семеен (прид.) - фотографија (имн.)

И според малкуте семејни фотографии што јас можев да ги видам, Борко повеќе личел на татковата лоза, на дедото по татко, а Симон повеќе на мајка му.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кренала една семејна фотографија во рацете и се врти околу полицајците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фаќаше од око најнеочекувани рекурси, се наведнуваше и се искачуваше со камерата како со џебен фотоапарат за семејни фотографии, ги ловеше последните зраци на сонцето по брановите преку камењата, правеше смели швенкови од карпестите врвови до распенетите вирови, се задржуваше со крупни планови по брановите бистра вода што ги преплавуваа изделканите белутраци по свиоците, успеваше да фати и по некој растреперен цвет на колонеж или скриена циклама во цепнатинките на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Па нели ти кажував чедо. Ова е семејна фотографија на сопственикот на куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)