семеен (прид.) - ручек (имн.)

Совршени се тие неколку стотици нијанси на жолта боја во рана пролет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па одам, одвреме навреме во „Св. Димитрија“ ... Палам по некоја свеќа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Семејните ручеци за 29 Ноември умреа заедно со дедо ми Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Свечената презентација беше одржана за време на семеен ручек (за секој случај, да се запаметат изгледот и функцијата на сервисот), на што драгиот зет Џеф прокоментира: „А не е златото отровно?“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа беше заангажирана дома, каде што се хранеа секој ден освен во недела кога одеа на семеен ручек кај неговите и во понеделниците кога обично ручаа самите во некој од подобрите ресторани, зашто нивната домашна помошничка тогаш имаше слободен ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)