семеен (прид.) - пријател (имн.)

Со време, за сите различно животот ќе се претвори во складиште на отсуства: без зуење, без зборење, без пискот нема пожар, нема татко нема семејни пријатели нема гости, нема милост нема иднина нема држава, нема ништо нема како што познаваш... нема, без, нема без ... Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа можеше да биде само тој! Стариот семеен пријател Гури Порадеци, нашиот успешен спроводник во егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стариот семеен пријател, Гури Порадеци, како капетан на загубениот кораб, нѐ успокојуваше, кажувајќи ни дека и старите чунови, кога ќе им дојде крајот, исчезнуваат како и луѓето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)