семеен (прид.) - порака (имн.)

XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во моја­та свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од потсвеста, сѐ посилно притискаше еден глас чиј извор не можев да го утврдам: дали потекнува од животот, од силните семејни пораки втиснати во просторот, или од вистините на татковите книги, непрестано пластени во мојата свест и потрага по овие предели?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)