семеен (прид.) - побратим (имн.)

Утрото, кога Татко ја отворил адвокатската канцеларија, го поканил на утринско кафе, во омиленото кафеанче крај Езерото, семејниот побратим Гури Порадеци. – Не ни се пишува арно! – го започнал разговорот Гури Порадеци откако ги испи првите голтки од кафето. – Ништо ново, побратиме мој! – Ама сега опасноста е надвисната над вашата куќа. – И тоа не е ново, побратиме! – Те накодошиле, од ваша рода, блиски до Италијан­ците, оти не си сакал да им се придружиш и сега си им на нишан!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејсе, се доближувавме до границата. Само Гури Порадеци, семејниот побратим, знаеше добро каде се минува границата. Тука требаше најмногу да се внимава.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)