семеен (прид.) - патување (имн.)

Ние двајцата, брат ми и јас, не ги обожаваме баш овие семејни средби, иако понекогаш се и за нас корисни, кога ќе успееме да постигнеме некој договор во наша полза, или кога ќе договориме некаква заедничка акција, на пример, семејно патување, летовање, купување нешто поскапо и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утрешниот состанок не ветуваше ништо пријатно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се врати на Балканот скршена. Татко ја чекаше крај брегот каде што започнуваа и завршуваа семејните патувања во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)