семеен (прид.) - егзил (имн.)

Добро знаеше дека, од содржината на таа хартија, од тие црно испишани букви, зависеше во која насока ќе се движи семејниот егзил.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Книгите остануваа најсилните сојузници на семејниот егзил.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Заземањето на средишната позиција на источните книги во библиотеката, јасно укажуваше дека, конечно, се исклучуваше западната дестинација на семејниот егзил. Но што ќе биде со онаа, источната?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа добро знаеше дека, од Татковиот распоред на книгите, зависеше судбината на семејниот егзил.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но семејниот егзил и колективното страдање поради познатата ерменска трагедија, овие луѓе ги направи, сепак, толерантни, космополити, добронамерни, човечни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот с пристиgнува, само треба да се биде трпелив...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Јас во својот живот, со своето верување и пишување, верувајќи во заедништвото и соживотот, а не во делби и територијално разграничување според етничка определба, пишував на мојот мајчин албански јазик, но и на македонски јазик, завршувајќи го семејниот егзил, без да и се преруштам на друга дестинација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Првин стигна во Измир, на првата станица на семејниот егзил. Па во Искидар…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, еве силниот инстинкт на враќањето на јагулите ја актуализираше можноста да се прифати американската дестинација како конечна точка на семејниот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во овие книги беше вникнат трајниот извор на сеќавањето, а претпоставениот пат на јагулите и нивното враќање ја криеше тајната за можниот крај на семејниот егзил, во откривањето на вистинскиот пат кон земјата без враќање...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Многу години по Мајкиното заминување засекогаш, со што заврши семејниот егзил на Земјата, си поставив задача, низ пишувањето, низ предизвиците на сеќавањето, низ малкуте преостанати Мајкини зборови во мене, низ задржаните чувства, миризби и вкусови, поговорки, премолчувања и низ универзалната Мајкина тишина, да се доближам до вистинските причини за нејзините ретки и задржани солзи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тука завршуваше хоризонтот на семејниот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXXVII Чувството за враќањето во земјата на корените го обземаше секого во семејството, но и го напушташе на посебен начин и во различни периоди од семејниот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги открија корењата на стеб­лото на семејниот егзил, започнати уште крај морето, во времето кога семејството се распнуваше помеѓу Европа и Азија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа сведочеше, на посебен начин, и за семејниот егзил и за најсреќниот период во животот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)