Неговата мајка, бабата Хазбије, од родот на Фетиевци го носеше сѐ поголемото семејно бреме, но и цврсто беше уверена дека еден ден ќе замине кон Турција, кајшто одамна беа заминати нејзината мајка и нејзиниот татко, браќата и сестрите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)