сексуален (прид.) - објект (имн.)

Ова бил маж што од другите мажи се разликувал само по истополовиот избор на сексуалниот објект, по насоката на својата еротска желба, по тоа што го привлекувале мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можно е да претставуваат прекрасни а сепак студени и недофатливи сексуални објекти: или, сѐ уште на естетско или интелектуално ниво, AUX MOTS EXQUIS би можело да се однесува на заводливата префинетост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Упадливо современиот, тесно исцртан, но, сепак, амбициозно универзализирачки концепт на хомосексуалноста се појавил кога изборот на истополов сексуален објект почнал категорично да се разграничува од обратноста на сексуалната улога и кога почнал да важи, сам по себе, за означител на сексуалната различност. ‌Темпото на преобразба се засилило по крајот на Втората светска војна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите. ‌Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во многу делови од денешниот машки свет, дури и во индустријализираните либералнодемократски држави, она што се смета за нормално понекогаш повеќе има врска со родовиот стил и со сексуалната улога, отколку со изборот на сексуалниот објект (односно, отколку со полот на посакуваниот сексуален објект).51
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 189
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Целта на сложеното впрегнување на алузијата, на конотацијата, на асоцијацијата и на сексуалното кодирање во написот веќе не е хомосексуалноста, како што ќе беше во старите лоши времиња.111 Барем тоа веќе не е хомосексуалноста ако под хомосексуалност подразбираме истополова еротска желба и избор на истополов сексуален објект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)