Она што можев да го понудам во книгава е само мал капар за тој грамаден проект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-женственоста, значи, е културно обликување, а не само психосексуално.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Средишниот дел на книгава му се посвети на исцртувањето на логичните врски меѓу неколку меѓусебно поврзани вредности што ги создаваат тие констелации и на показот како тие внесуваат обродени и сексуални значења во голем број елементи од културното поле – како тие структурираат една поширока поетика на културата во смисла на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие стандардни, стрејт-начини на доживување на светот подразбираат начини на чувствување, како и начини на реагирање на културните објекти и активности што се веќе кодирани за родот и за сексуалноста, начини на сопствено ориентирање во однос на сите констелации на меѓусебно поврзаните вредности што се одговорни за обојување на лицата, на однесувањата и на жанровите на дискурсот со густите општествени значења кои ги носат, значења што исто така се однесуваат – без разлика колку благо – на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ајде, тогаш, да му се навратиме на нашено испитување на машката геј-женственост и да разгледаме некои културни практики и жанрови на дискурс кои не се толку сложени колку што е сложен цел еден холивудски филм, но чиј стил слично кодира својствен склоп од родови и сексуални значења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За среќа, не треба за сите културни предмети и активности што ги прифатиле геј-мажите да се прави толку опширна стилска анализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)