секојдневен (прид.) - предмет (имн.)

За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неколку интервјуа, на прашањето со што се занимава, Duchamp одговараше “Дишам”, на тој начин поистоветувајќи ги своите творечки можности со самиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој зема еден секојдневен предмет, го постави така што неговото функционално значење исчезна под новиот наслов и новата точка на гледање - тој за овој предмет создал нова идеја.” 26 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И понатаму, онаа вештина на претворањето на нижите метали во злато, може да се спореди со Duchamp-овото претворање на секојдневните предмети во уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изложбата почнува од една просторија со натпис „убавината на рамнодушноста“ - Дишанов израз за однесувањето за кое тој тврдеше дека го прифатил одбирајќи ги „редимејдите“, секојдневни предмети подигнати на ниво на уметнички дела само со моќта и вредноста на уметниковиот избор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)