Не смеам, најпосле, да ја испуштам од оваа листа и маратонската седумнаесетгодишна кореспонденција помеѓу Оноре де Балзак (Honore de Balzac) и убавата полска грофица Евелина Ханска (Ewelina Hanska), која, по неколкуте негови безуспешни обиди да ја ожени, решила да стане госпоѓа де Балзак дури четири месеци пред смртта на славниот писател; најискрено: откако пред многу години прочитав само дел од писмата што Балзак $ ги испраќал на госпоѓа Ханска (и тоа во енормни количества), затрупувајќи ја со информации за луѓето со кои се гледал, за својата облека, за долговите што треба да ги плати и (одвреме-навреме) за книгите што ги пишува... не можам да ѝ се изначудам на кутрата жена! ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе Те потсетам госпоѓа Лејбовиц неа ја дефинира како литература која и не се занимава со друго освен со длабините на душата (Старова, 2008: 10).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)