И така, во седумдесеттите години на дваесеттиот век, според неговите процени, не постоеше никаква опасност, ни за него ни за семејството, да ни ја открие нам, на неговите деца, некои веќе возрасни, тајната за роднинските врски со Фатхи-беј Окијар, да ни ја открие тајната на својата цариградска младост и, конечно, да ни проговори за средбата со Ататурк.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Од седумдесеттите години па наваму, амфетамините ретко се добиваат на рецепта, а ретко и кој од уличните амфетамини се фармацевтски произведени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Иако е патентиран, никогаш не е влезен во комерцијалното производство, но во седумдесеттите години неговата употреба како помошно средство во психотерапијата, стана тренд во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На пример, Гастон Жили и Пјер Пату во дваесеттите години во Париз го проучувале посебниот вид на апстрактно хаотично движење, што доведе до убави и модерни „фрактални“ слики коишто седумдесеттите години ги правеше Беноа Манделброд во ИБМ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во средината на седумдесеттите години од минатиот век, киното во моето мало место беше поголемиот односно најголемиот прозорец свртен кон светот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во почетокот на седумдесеттите години ќе настапи периодот на либерализмот, односно период кога беа изнесувани ставови за поголема демократизација на политичкиот систем.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во 1974 беше донесен новиот Устав на СФРЈ во кој биле изразени промените во заемните односи меѓу републиките и федерацијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сега тоа се случува заради технологијата на виртуалната стварност, а не заради дроги. И така виртуалната стварност е наследник на психоделичните експерименти во шеесеттите и седумдесеттите години?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Некаде во седумдесеттите години, кога почна една од најголемите економски кризи во Југославија, Севда, постарата внука на мајка ми од брат ми Спиро, со семејството се пресели во Канада.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Започнувајќи со седумдесеттите години физичарите флертуваат со идејата дека теоријата на хаосот може да го објасни поведението на сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)