сегашен (прид.) - тешкотија (имн.)

Џ. иако вљубено го слуша, не може да го избегне внатрешниот глас кој се запалува на зборот „сон“: - За успешното решавање на сегашните тешкотии и проблеми во производството на соништа од големо значење е и заострувањето на одговорноста на сонувачите и одговореното и успешно ракување со средствата за производство на соништа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)