Не случајно со студиите за машката геј-култура што најинтензивно се сосредоточуваат на тоа прашање се зафаќале токму научници како Вил Фелоус и Џон Клам, кои барем делумно пишуваат и за неакадемското читателство, или интелектуалци од општествените редови, како што се Мајкл Бронски, Нил Бартлет и Дејвид Нимонс, чии дела спаѓаат надвор од канонот на квир-теоријата.85
Општото одрекување на секоја и на секаква хомосексуална своеобразност, особено на културна своеобразност, е речовит симптом на нашава сегашна неволја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)