Можеби тоа дете пошло да ја бара мајката, проклет да бидам, можеби пошло по својата мајка. Потоа го нашле во полето, во една нива кога сосема се истопил снегот, некој орач во орањето, лежело наземи како некоја малечка птица со склопени крилја, падната, сигурно убиена од северниот ветар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Што оти свиреше северниот ветар, Трифун Трифуноски ја слушаше Интернационалата, со еден таков дух беше задоен, твореше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Беше мошорлив, студеникав ден. Дуваше северен ветар носејќи лути, црни снегулки што касаа како штрчни оси.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со северните ветрови што ѝ ги поткреваа ќерамидите и ја носеа зимата, со некоја суверена мудрост на онаа што знае сѐ и не заборава ништо, таа слушна како се приближува уште една војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Целиот тој ден како родилка се мачеше времето, пискаше северниот ветар, најлуто ја швркаше земјата, предметите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)