Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Кутриот чичко убаво се надеваше дека одличното знаење на англискиот јазик, познавањето на британската и американската култура ќе ги стави во служба на што подобрата соработка со УНРРА, свртена во тие години кон безусловна помош на изгладнета Европа, посебно Балканот и Албанија, во тие први повоени години.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)