Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најпосле беше свртена страницата на историјата од владеењето на сенилниот владетел и беше запрен неговиот мит.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така е и со враќањето од туѓина, свртената страница си останува свртена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Литературата веќе беше свртена страница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој неочекувано мина на суштинското од разговорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)