свој (прид.) - не (чест.)

7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не ја криев својата не само восхит, туку и зависта, над тоа убаво нешто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако видам зорт, ќе додадам нешто за некој друг, ама својот не го издавам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зарипнав од викање, што се вели и гласот свој не си го познавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите егејски мајки преку мене си ги бараат децата, а јас своето не можам да си го викнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку е себичен човекот, господе, и болката своја не ја дава секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Смири се.“ Завршувањата, од друга страна, чувствува не- толку- младиот Фредерик повторно да ја предупреди својата не- толку- млада пријателка, некогашна учителка и штитеничка, се сосема друга работа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Едното го замижува, а со другото го гледа. „Доксим Тренчески е толку скржав“ , еднаш рече Лазор Ночески, „што и гревот свој не сака да ти го даде“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)