свој (прид.) - додека (сврз.)

Боже колку сме свои додека влегуваме без најава без потреба да се именуваме во име на нашата кратка историја што мириса на засушени риби на тротоарот на чај од коприва на дојденци, на овоштарници, на пчели.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)