свој (прид.) - цврсто (прил.)

Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Знам само една работа – дека грев е само она што човек го прави спротивно на своето цврсто уверување...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- А оние кои се гордеат со својата цврсто цементирана кичма – продолжува Хорацио низ смеа – тие се догматичари, типични магариња.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И уште знам дека никој не е вечно отфрлен – и секој може да биде спасен“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)