Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Негова е таа работа- рече Чорола со својот секогаш висок и некако подвикувачки глас.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мојата Мајка не ја криеше својата секогаш притаена гордост што за нејзиниот син се пишува насекаде и за неговата улога во палестинското прашање, но уште повеќе не ја криеше и нејзината голема загриженост за моите деца.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Писмото на мојата мајка ми беше испратено неколку дена по мојата средба со Арафат и предавањето на акредитивните писма што доби широки одгласи во тогашниот југословенски медиуми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)