свој (прид.) - постојано (прил.)

Народите неподложени на рационалното - овде синоним за динамичен развој (а тоа секој мора себе да си го наметне, бидејќи таквото „наметнување” е внатрешен, иманентен природен процес на човечката историска состојба), тие народи со своето постојано НЕ на светот, народи на Антистав, народи испечени во реактивните „филозофии” на инаетот и тврдоглавоста, пизмата и песјалокот ќе останат history (историјата како минато, она одминато и надминато - во коишто се заглибило нивното „решавање”, нивното „постоење” во бивши судири).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Алчната Анѓа престана со своето постојано дрдорење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овој Балканец, со своето постојано растргнувано семејство по беспаќата на егзилот, ќе го доживее падот на австро­унгарската, отоманската и на крајот на сталинистич­ката империја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Валкаше. Ги валкаше сите нив. Го валкаше него, Змејка, тој секогаш се чувствуваше извалкан од тоа, со она свое постојано чувство на свеченост, со кое што ги примаше сите новооткриени работи, со кое ценеше сè што ќе видеше првпат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)