свој (прид.) - одамна (прил.)

Ние своето одамна го завршивме. И замолкнаа. Секакво зборување беше излишно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За некакво прибирање, за некое чудно доаѓање, кое што завладуваше полека со него, онака притиснат и собран, онака притаен и најден во своето преисконско гнездо, еден човек, во својот одамна, пред илјадници години напуштен дом, приклештен меѓу двете ветки и заштитен меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Богами не сум далеку од помислата дека тој лично го има застрелано тој ваш генерал, и тоа од зад грб, во тилот, додека јавал зад него, или додека кутриот Генерал спиел а Иван Степанович седел на некое кутнато стебло приведувајќи го кон познатион жален крај своето одамна донесено решение: да му ги прибере парите на Генералот и да се стори најпосле барем со генералски шинел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога ја напушти татковата соба, мајка ми несетум го остави на масата последниот златен наполеон, што го имаше добиено од својот одамна умрен свекор, да го чува за да го употреби во зловреме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Утврди дека нема ниту време а ниту моќ да ја заврши својата одамна започната Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Реакцијата беше доволно болна за да одлучи господинот Гроздановски да ја побара патерицата што тој му ја купи на својот одамна покоен татко пред повеќе од триесет години.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)