свој (прид.) - десно (прил.)

Ивановиќ не им даде да го врзат обрачот на преслапта, но затоа плати со своето десно око.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму во тој момент, застана со профилот кон шанкот, ја имаше кренато десната рака да извлече чаша од над главата па така протегната како од страна да му го покажуваше своето десно цице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Брак, бре будали, бре, брак! Што загтањате како биволи на угорништето, — им викаше Пере на аскерите, фрлајќи бомби и куражејќи ги своите четници да издржат додека фати мракот за да се извлечкаат од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)