свој (прид.) - веќе (прил.)

Тој заврши само како декор во мрачното сценарио на Ариел Шарон, кој подоцна се појави на сцената.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа се случувало до моето пристигнување, со судбоносниот лист хартија од кој се очекуваше да ги оживее неговите надежи да трага и низ своите веќе одземени сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Арафат можеше на своето Пирово враќање од егзил да го жртвува последното што му остануваше, својот веќе разорен живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски со својот веќе добро извежбан француски јазик за време на парискиот престој од младата шармантна оптичарка со руси спуштени коси побара дали имаат колекција лупи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Химна на животот Семето на својот врат си го носи клучот на животот кој ќе го проживее откако претходно ќе никне од себеси за големите искушенија низ кои допрва ќе минува - тоа никого и ништо не прашува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Исто така е под влијание на своите веќе направени дизајни, како на пр. „прогресивниот“ Nitrogen, целиот базиран врз фонтот што Ben Shahn го дизајнирал за книгата Once Thrice Dice, која имаше нескриен кинетички карактер; малопродажниот фонт Reiner Script, базиран врз фонтот на Imre Reiner од 1951 г. е комбинација на примитивен дрворез и виорна калиграфија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Семето добро знае: ако тргне кон своите - своите веќе одживеале, ги нема, за да тргне кон себеси - и самото треба да исчезне...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)