свој (прид.) - ѕвезден (прид.)

Има во тоа некоја небесна правда: во своите ѕвездени мигови никогаш се немав запрашано кои се луѓето што ми отвораат врата, кои ме развезуваат, кои ме послужуваат, кои чистат зад мене... а сега сум еден од нив.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)