свој (прид.) - чуден (прид.)

А тој беше едно такво занесено човече, со оние свои чудни мисли, така што по цели денови му се сновеше низ главата дека и човекот, како и сите други живинки, што ја лазат оваа земја, би требало да чекори на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За една книга од 2 000 страни во ракопис, тој со својот чуден ракопис испишал 80000 листови, кои ги спојува со штипки за алишта.  Вашата дарба, Вашиот начин на живот, Вашите реакции, дури и Вашиот нагласок, зборуваат дека сте Парижанин, дури можеби и повеќе, периферец.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
XXI. Бело наидува белата зимна ноќ. Наидува бело и заискрено, целата во некоја златеста ѕвекот, се рони од бледосиното небо, чиниш една единствена пајажинка, сребреста и залебдена, трепери со некоја своја чудна оморнина во првите бели ѕвездички, а после се плиска над белата земја како руса девојчинска роса, престорувајќи го во еден миг сиот свет во некој дворец од бајките, поплочувајќи го со злато и исковувајќи на него безброј бели сребрени филигрански плетеници, поштркувајќи го со илјадници одблесоци од бесценети камења, кои го маѓепсуваат погледот и во кои и волкот почнува да мечтае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но нејќеше Петре така лесно да се помири, некаква силина се разбудуваше во него, некаква надеж се јавуваше и го тераше да верува во себе, во својата чудна предреченост, и да ја бара.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)