свој (прид.) - човечки (прид.)

Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во миг исчезна од фреската и се стори покрај мене, отелотворен во својата човечка лика, со сета висина и ширина, со мијачки бечви и со мијачка наметка; ме гледаше кротко, милосливо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Протестите против тој злосторнички акт се претвориле во движење кое постојано ги потсетувало народите и државниците на Европа дека султанска Турција е анахронизам во современото општество и дека ако не се преземат мерки и не им се помогне на угнетените да добијат свои човечки и политички права, крвавите настани можат пак да се повторат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Засолнети зад својата задоволност, тие што си го запираат овде здивот да го чујат секој збор, се оддалечиле толку од своите човечки должности и затоа се можеби благодарни и среќни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При секоја средба со палестинскиот водач не престанувам да си го поставувам прашањето: кој беше вистински и суштински овој човек што со својот човечки живот, лимитиран со време и моќ, да ја води својата, на моменти донкихотовска борба за создавање на независна Палестина, и кој си го беше жртвувал однапред животот за големата цел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби сето тоа беше создадено во еден таков светол миг, ете, во тој миг морничаво на ѕидот го потврдиле своето постоење, својот човечки живот, се „овековечиле“, слично на патникот што тргнал на туѓина, тој по патот на илјада места, - на дрво, на камен, на тенеќен патоказ туку гледате го забележува своето име.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше патот по кој требаше да се оди, а тој тежеше со сета своја човечка – земска тежина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)