свој (прид.) - целосен (прид.)

Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И таквото верување можеби си ја имаше својата целосна смисла, ја допираше својата цел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во едно вакво дуќанче ја видов картата на Македонија во рамките на турската империја, во својот целосен состав - Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како таков Христов мошне придонел за ширењето на вистините за историската самобитност на македонскиот народ, за неговите поробувања и разделби, за неговата антифашистичка борба за создавање на своја целосна држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Едо, јас не сум создадена за мажење“, му рече Елефтерија, гледајќи го право в очи како во очекување, како да мислеше дека она што таа сега го рече може да го има своето целосно значење само откако ќе чуе што ќе рече Едо. „Ни јас за женење. Драга моја!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во спротивно, критичката култура ќе го доживее својот целосен распад, токму на политичката сцена, значи, на општествениот полигон, кој отсекогаш беше егзотичното средиште на нејзиното ритуално исчезнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)