свој (прид.) - хотелски (прид.)

Веќе беше спакуван и седеше во својата хотелска соба не знајеќи како да дотолчи скоро уште еден цел час време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Човекот се среќава со сопственото стареење секое утро, во огледалото, но не го забележува, токму зашто е секојдневното (освен ако не бил буден или напиен претходната ноќ, па и тогаш знае дека подочниците ќе поминат со првиот добар сон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Излезе наврапито од својата хотелска соба и со празното куферче слезе да појадува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
(Клаус во својата хотелска соба.) КЛАУС: Кој е? (Тишина. Тропање на вратата. Пауза.) Кој е? (Посилно тропање.) Кој е таму?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ги дополни последните празни простори во својата хотелска соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со чекор на слепец чиј инстинкт е недостижен, врел и смекнат од замор, дојдов до својата хотелска соба со избледени тапети и прозорци свртени кон широка и жива улица и се фрлив врз жолтата покривка на креветот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта, кога се повлеков во својата хотелска соба, ми стана јасна причината зошто така глупаво се однесував: Надица носеше друго леце од она што го очекував!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еднаш ќе треба да го праша Френк, својата општа база на податоци, зошто американските гости обично ги носат клучевите од своите хотелски соби со себе кога излегуваат, додека европските гости своите ги оставаат на рецепција (што е навика засилена од тешките привезоци).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)