свој (прид.) - физички (прид.)

Секогаш бев свесна за своите физички и карактерни мани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прво тоа одеше со зборови, но се чини дека и двајцата не се чувствувавме многу јаки во љубовната дијалектика, и затоа наскоро преминавме кон нешто понагледно, кон премерување на своите физички сили.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Победителите – аџиите – горди со својата физичка победа над бунтовниците, а овие уште погорди со својата морална победа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Штом ќе воспоставеше малку контрола над своите физички нелагоди, му се враќаше ужасот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
55. Штом ќе се установат правилни односи помеѓу нас и другите македонски – христијански и муслимански народности, штом ќе се признае нашата народност од владата на Н.Ц.В. Султанот, ќе се внесе во нуфузите името Македонец, ќе се направат првите постапки за нашето национално и религиозно ослободување од пропагандите и ќе се воведат политичките преобразувања предвидени од реформаторските сили, штом ќе се преземат мерки за економското поправување на нашите селски стопани, па и до воведувањето на сите тие подобрувања во нашето национално религиозно и економско живеење, ние – македонската интелигенција ќе треба да направиме уште едно, а тоа ќе биде и најважното: да ги вложиме сите свои физички, интелектуални и морални сили во нашата национална преродба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)