свој (прид.) - уморен (прид.)

Денко го дочека на своите уморни, веќе растреперени раменици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исцеди од своето уморно тело уште трошка сила, замавна со крилцата и се понесе кон светлинката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бараа некаде, кон Дојран можеби, кон Егеј можеби, или уште појужно, незамрзната вода да ги одморат на неа своите уморни крилја, да ги наполнат своите гладни, празни гуши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)